SMS&MMS EDG Dental Clinics & Labs2024-01-22T19:57:56+02:00

Добредојдовте во SMS&MMS сервисот на EDG Dental Clinics & Labs

Овој онлајн сервис е направен за сите Вас почитувани клиенти кои секојдневно телефонски или со пораки барате информација од нас колку ќе чини да се редизајнира Вашата насмевка, да Ви се поправат заби и слични третмани за кои имате потреба.

Овој дел од сервисот е направен со цел да добиеме што е можно повеќе информации во врска со Вашето барање. Фотографиите кои ќе ги аплодирате мора да бидат читки и јасни, бидејќи само таквите ќе можат дигитално да бидат анализирани и обработени. На прашањата што ќе ви ги поставиме задолжително ќе мора да одговорите, и тоа што е можно појасно, бидејќи решението што ќе ви го понудиме треба да биде дизајнирано согласно со Вашето барање. Тој дел од сервисот и давањето општа препорака за решение се бесплатни!

Овој дел од сервисот опфаќа подробна детална дигитална анализа и претставува понуда со општо решение за тоа како може да се реши Вашето барање. Дигиталните промени со објаснување на решението можеме да Ви ги испратиме и доколку сте задоволни од тоа што ќе Ви го понудиме ќе можете да закажете термин да дојдете и дополнително, уште попрецизно, фотографирајќи Ве со професионални камери во нашето фото студио и правејќи функционална анализа да навлеземе во суштината на Вашето барање и да Ви презентираме како ќе изгледате по интервенцијата. Ова дигитално дизајнирање на забите или DSD (Digital Smile Design) е со цел вие да добиете слика пред да почнете  било каков третман што би претставувал целосна ремоделација на Вашата насмевка. Цената за DSD во ординациски услови ќе Ви биде испратена со понудата. MMS сервисот чини 3.000 денари и доколку го прифатите понуденото решение оваа сума ќе Ви биде одбиена од цената на DSD-то. Понудата важи и е базирана врз основа на она што е видливо и објаснето врз база на тогаш направените фотографии. Нема да важи во променети услови!

Доколку сте заинтересирани или сакате да го користите SMS&MMS сервисот на EDG Dental Clinics & Labs, Ве молиме следете го видео упатството и постапете според него. На крај Ве молиме одговорете на нашите прашања поставени подолу и колку што е можно подетално опишете го Вашиот проблем и/или што сакате да промените во насмевката.

Пополнете ги сите форми, прикачете ги вашите фотографии и одговорете на сите прашања

    Кој е Вашиот дентален проблем?

    Дали сте незадоволни од Вашата насмевка или што би сакале да промените?

    Кои или какви се Вашите очекувања?

    Дали сте психолошки припремени за било каква промена во однос на Вашата насмевка?

    ДАМожебиНЕ

    Доколку се прави естетско ремоделирање на Вашите заби т.е. насмевка кој пристап би го одбрале:

    Конзервативен: (DSD, белење на забите, бондирање, ортодонција):

    Радикален: (ламинати, коронки и мостови, импланти)

    Препорачано од стоматологот

    Дали имате некаков финансиски план во смисла на буџет или лимит?

    €€€€€€€€€€€€€€

    Дали имате познавање за тоа од каков тип на протетски материјал би сакале да употребиме при изработката на вештачките заби?

    Метал: (CoCrMo, титаниум, злато)

    Безметал: (прескарамика, цирконија)

    Не сум запознаен

    Дали саката Вашиот случај да го објавиме јавно

    ДАНЕ

    Прикачете ја Вашата РЕНГЕН снимка до 5MB

    Прикачете ја Вашата АНФАС фотографија до 5MB

    Прикачете ја Вашата фотографија на насмевката до 5MB

    СОГЛАСНОСТ

    Изјавувам дека целосно го прочитав текстот напишан и објаснет на смсммс сервисот на EDG и давам согласност за користење на моите фотографии (ртг, лице, насмевка и заби) пратени овде во овој момент. Воедно, давам согласност и фотографиите да се употребат како фотодокументација за научни, стручни или образовни цели, при што на пошироката јавност нема да биде откриен мојот идентитет.

    Притисни на иконата за испраќање

    Нашиот тим ќе Ве контактира

    Правилно фотографирање

    Неправилно фотографирање

    Решени случаи

    Изјавуваме дека сите информации кои овде ќе бидат споделени со нас се заштитени и во никој случај нема да се користат во други цели. SMS&MMS сервисот е авторско дело на EDG и претставува заштитена трговска марка. Секое негово копирање или слично репродуцирање би било незаконско.

    Македонски English Ελληνικά